Пад на индустријата на годишно ниво

Bez autora
May 27 2010

Индустриското производство во март оваа година, од аспект на економска активност забележа месечен пораст, но сепак беше пониско во однос на претходната година за 11,2 отсто. Ова го покажуваат најновите податоци за макроекономските движења кои беа презентирани на денешната Седница на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Според податоците, обемот на индустриското производство во првото тримесечје забележа годишен пад од 9,4 проценти. Во останатите економски сектори пораст се забележува во трговијата и телекомуникациите, додека во градежништвото се покажа намалување на обемот на економска активност. Трендот на благ пораст на цените продолжува и во април годинава, кога месечната инфлација достигна 0,6 отсто, а на годишно ниво инфлацијата во април изнесуваше 1,4 проценти, рефлектирајќи го во најголем дел еднократниот пораст на цените на електричната енергија и парното греење на почетокот на годината.

Пад на индустријата на годишно нивоИндустриското производство во март оваа година, од аспект на економска активност забележа месечен пораст, но сепак беше пониско во однос на претходната година за 11,2 отсто.

Ова го покажуваат најновите податоци за макроекономските движења кои беа презентирани на денешната Седница на Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Според податоците, обемот на индустриското производство во првото тримесечје забележа годишен пад од 9,4 проценти. Во останатите економски сектори пораст се забележува во трговијата и телекомуникациите, додека во градежништвото се покажа намалување на обемот на економска активност.

Трендот на благ пораст на цените продолжува и во април годинава, кога месечната инфлација достигна 0,6 отсто, а на годишно ниво инфлацијата во април изнесуваше 1,4 проценти, рефлектирајќи го во најголем дел еднократниот пораст на цените на електричната енергија и парното греење на почетокот на годината.

Во банкарскиот сектор пак, во март годинава се забележува намалување на основната каматна стапка на НБРМ. Во услови на поголемо олеснување на условите за кредитирање, умерено заживување се јавува и на кредитниот пазар.

Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 3,3 отсто, ,а во однос на крајот на претходната година, вкупните кредити на крајот на април се повисоки за 2,5 проценти.

Податоците за април покажуваат релативно стабилни трендови и на девизниот пазар. Девизните резерви на крајот на април изнесуваа 1,644 милиони евра, бележејќи раст во однос на крајот на претходната година за околу 46 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik